More

    ДОСИЕ: Кој, зошто и со каква цел ја оцрнил целата фамилија на Рамиз Мерко, дел 1-ви

    spot_img

    Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се најде на американската „црна листа“, чие проширување предизвикуваше интерес по засилените критики на САД за состојбите во македонското правосудство, но дали има и друга позадина од толку многу „крупни риби“ позрели за на „црната листа“ да биде Мерко?!

    КАКО ЕДНО ВОЗИЛО МУ „ПРЕСУДИ“ НА МЕРКО, АКО СЕ  ЗНАЕ ДЕКА МНОГУ ПОСКАПИ ВОЗИЛА КРСТОСУВААТ НИЗ МАКЕДОНИЈА?

    Еден од случаите поврзани со Мерко, кои може донекаде да се вклопат во ваквиот опис, бидејќи подразбираат трошење на јавни пари, поради што имаше и одредена институционална реакција без епилог, е набавката на луксузното „ауди“ за 4 милиони денари. Доколку реално се согледуваат нештата, возилото „ауди“ воопшто не би било предмет на опсервација на владата на САД, од едноставна причина што во Македонија други јавни установи користат службени возила кој се и до три пати поскапо набавени од тоа „ауди“ на Мерко, а да не говориме за лица кој поодамна заслужиле да бидат на црни листи и по затвори, кој низ македонските патишта управуваат возила чија цена достигнува и до фантастични еден милион евра, а истите тие лица немаат ниту еден ден работен стаж…!!!

    УНЕСКО БЕШЕ ПРЕСУДЕН ФАКТОР!

    Правниот систем ниту во САД, а ниту никаде во свет не подразбира таканаречена „наследна одговорност“, каква што во случајов примени владата на САД врз фамилијата на Рамиз Мерко! Доколку нештата се согледуваат од реална страна, и доколку САД имале сознанија за некакви си против правни деанија на Рамиз Мерко, зошто на црната листа ги поставиле синот и ќерката на Рамиз Мерко без никаво образложение?! Доколку се погледне историски црната листа на САД за македонски граѓани, јасно ќе се согледа дека ниту едено име на синовите или ќерките на лицата кој САД ги става на „црна листа“ не се поставени на истата „црна листа“, таков е примерот со Сашо Мијалков, Мендух Тачи и други лица, нешто што САД сака да испрати некаква си додатна порака кон оние непослушни за нив лица…

    Но која е вистината во случајот „Мерко“, а патем никој не сака ниту да ја согледа!?

    УНЕСКО меѓународна невладина организација во суштина, но и организација која има два аршини на делување, конкретно кога е во прашање Охридското Езеро. Од една страна владата на Р.Албанија секојдневно врши девастација на целокупниот еко систем на Охридското Езеро, се градат платформи, марини, ресторани, хотели без никаков ред, нешто што на УНЕСКО воопшто не му пречи, а од друга страна сака да ги дисциплинира општините Охрид и Струга?

    Рамиз Мерко јавно се спротистави на извештаите на УНЕСКО и на нивните напаствија да ги руши објектите долж приобалниот дел на Охридското Езеро кој се под ингеренција на Општина Струга. Мерко во една прилика јасно ќе им даде до знаење на господата од УНЕСКО дека селата Радожда, Калишта и самата Струга се постари многу од самото УНЕСКО и дека нема да дозволи никој да руши низ Општина Струга, а во исто тоа на очи на сите на албанскиот дел на Охридското Езеро перманентно да се гради. Ваквите изјави на Мерко од страна на комитетот на УНЕСКО беа разбрани како ете се нашол некој градоначалник во едно мало државиче кој ќе пркоси на УНЕСКО и ќе го паѓа нивниот рејтинг и репутација на меѓународно ниво! Токму од таа причина централата на УНЕСКО не може да се помири со ставот на Мерко и добри две години лобираа кај нивниот ексклузивен финасиер САД да изврши дисциплинирање на Рамиз Мерко со што би се постигнал ефект на страв кај сите оние функционери кои нема да бидат слепи послушници во иднина…Токму од таа причина се става целата фамилија на Рамиз Мерко на „црна листа“ на САД.

    ПРОДОЛЖУВА: Како Рамиз Мерко не влијаел на судии и обвинители, што е позадината на целиот случај „Мерко“…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img