Број на текстови објавени денес: 78
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Побрзајте, рокот за ИПАРД истекува за три недели

За три недели односно на 29-ти овој месец истекува рокот за поднесување на барања за мерката 3 во делот на ИПАРД програмата „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. Рокот за поднесување на барања за мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ истекува на 9-ти февруари.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, посочувајќи дека вкупната сума што е на располагање за домашниот агро-сектор преку овие два повика е во износ од 25 милиони евра, односно вкупната финансиска поддршка за мерката 3 е 13,2 милиони евра, а за мерката 1 близу 12 милиони евра.

– Со оглед на тоа на што за овие два јавни повика имаме одредени новини во делот на аплицирањето, очекуваме рокот на обработка на барањата да биде многу брз од страна на Платежната агенција, заради тоа што ги зајакнавме капацитетите. За првпат овој период започнавме 18-месечна кампања за ИПАРД Програмата, во рамки на која заеднички ќе посетиме 90 населени места, ќе има инфо денови, работилници и форуми. Следната работилница е на 22-ри овој месец во Кавадарци. На овој начин сакаме да ги доближиме упатствата, постапките и начинот на аплицирање до сите заинтересирани апликанти – изјави Николовски.

Тој истакна дека што се однесува до првиот повик од претходниот период, досега се склучени 932 договори, во износ од околу 18 милиони евра, и оваа, рече, е рекордна бројка на пристигнати апликации по било кој повик на ИПАРД. Очекува дека со актуелните повици што се сега отворени бројот на поднесени апликации да се зголеми, а со тоа да се зголеми искористеноста на самиот ИПАРД.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски посочи дека ИПАРД Програмата е одлична можност домашните компании да создадат македонски земјоделски производи со додадена вредност.

– Искористувањето на средствата од ИПАРД Програмата за нас претставува нов позитивен инпут во буџетот на државата, односно зголемување на бруто домашниот производ, бидејќи само со првиот повик и на скоро 400 реализирани проекти, за 123 апликанти парите кои ги вложиле за реализација на инвестициите, веќе им се вратени. Односно 1,4 милиони евра се вратени во македонското стопанство – рече истакна Бабовски.

Во првиот повик за овие мерки се склучени 932 договори со вкупна вредност од близу 18 милиони евра, од кои над 13,2 милиони евра ќе бидат кофинансирани преку европските фондови, а остатокот е национално кофинансирање.