Број на текстови објавени денес: 72
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Очаен тинејџер го продал бубрегот за 2.800 евра и си купил ајфон и ајпед, сега е врзан за кревет

Дваесет и петгодишник, кој како тинејџер си го продал бубрегот за да си купи ајфон и ајпед, денес е врзан за кревет и потребна му е непрекината нега, пренесува „Курир.рс“.

Тој го извадил бубрегот во илегална болница во 2011 година и го продал на црн пазар за околу 2.800 евра.

Тогаш имал 17 години и очајно сакал да има ајфон и ајпед и да им докаже на училишните другари дека ги следи трендовите, но родителите не биле во можност да му ги исполнат желбите.

За да собере пари, средношколецот нашол тројца посредници на кинеска чет платформа, кои му ветувале дека ќе си го оствари сонот, во замена за бубрег.

Тинејџерот тајно отпатувал од родниот град до една од најсиромашните провинции во Кина. Таму посредниците го запознале со двајца хирурзи, асистент и медицинска сестра, кои биле вработени во локални болници, но работеле на црно.

Во нерегистрирана клиника му го извадиле бубрегот, а посредниците илегално го продале бубрегот на човек кој платил за услугата 8.700 евра, но и 10.000 долари за органот. Тинејџерот добил околу 2.800 евра, десет отсто од вкупниот профит.

Веднаш потоа, тој си купил ајфон 4 и ајпед 2, па се вратил дома. Неговата мајка повикала полицијата, откако ги видела новите уреди и се прашувала од каде му се толку пари.

Здравствената состојба брзо му се влошила на тинејџерот, а потоа станал хендикипиран.

Во април 2012 година, уапсени биле девет лица вмешани во случајот, вклучувајќи ги тројцата посредници и двајцата лекари кои го оперирале.

Посредниците се осудени од три до пет години затвор, а лекарите на три години затвор.

Во ноември истата година семејството на тинејџерот добило оштета од 1.47 милиони јуани.

Тинејџерот денес е врзан за кревет, морал да го напушти училиштето, прима социјална помош и оди на дијализа.