Број на текстови објавени денес: 64
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Купишта пари за неплатен данок треба да собере УЈП

Фудбалските клубови „Вардар“ и „Металург“ се најдоа меѓу неплаќачите на данок на последната листа со должници на Управата за јавни приходи (УЈП). ФК „Вардар“ не платил данок на добивка и персонален данок во висина од 321.433 евра, додека ФК „Металург“ по истиот основ должи 21.219 евра.

На списокот се наоѓаат веќе познатите должници фирми во стечај и голем број јавни комунални претпријатија. И на оваа листа води „Отекс“ Охрид со 15,1 милиони евра. По него следат „Ел Дон Кастиљо“, „Индустри Ал Астека“ и „Мотор Коач“. Не изостанува ниту ЈП „Македонија Пат“ со долг од 5,2 милиони евра.

Во однос на претходните листи на оваа листа неплаќачи на данок интересен е податокот оти се најдоа и голем број лица кои не платиле пресонален данок од доход по друг основ, односно хонорар.

Меѓу граѓаните кои не платиле даноци се најде и извесен Минчо Јордан Јорданов роден 1 јули 1944 година и живее во Скопје кој не платил персонален данок по друг основ во износ од 70.035 евра.

Персонален данок по друг основ (хонорар) во износ од 17.667 евра не платил и извесен Алберт Гафур Муслиу, роден 13.11 1965 година во Гостивар. На списокот се најдоа и голем број странски државјани кои не платиле данок, меѓу кои и директори на странски компании во земјава.

На најновата т.н. листа на срамот на УЈП, се најдоа 4.530 правни и физички лица кои на државата ѝ должат за данок на добивка, за ДДВ, неплатен персоналец и друго.
Од нив 2.134 или 30 повеќе од 2018 се правни лица, а 2.396 се граѓани што е за 50 повеќе од претходната листа на должници.

Вкупниот нето долг изнесува 164, 6 милиони евра што е за 1,5 милиони евра повеќе од претходната листа.