Број на текстови објавени денес: 64
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Жена е повредена во сообраќајка во Бутел

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 18.45 часот на улица „Бутелска“ во Скопје.

Од полицијата информираат дека се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.М.(38) од Скопје и патничко возило „рено 9“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(18) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.П.(48), сопатничка во возилото „рено“. Таа била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и била укажана лекарска помош.