Број на текстови објавени денес: 65
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

„Европа“ Скопје доби статус на прв овластен економски оператор

Компанијата „Европа “ Скопје од денеска стана и овластен економски оператор признат од ЦЕФТА земјите и Европската унија.Тоа е меѓународно призната марка за квалитет која е показател дека економските оператори како што се производители, извозници, увозници, шпедитери и транспортери, во меѓународниот синџир на снабдувње се безбедни и сигурни и оти нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласни.

Одобрението на директорката на компанијата Марика Караџиоска ѝ го доделиија директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски и премиерот Зоран Заев.

Ова е прво одобрение за овластен економски оператор дадено на македонска фирма.

– Законската основа да се даде вакво одобрение е направена во првата половина на 2018 година.Тоа е основа за меѓународно признавење на овластен економски оператот прво во ЦЕФТА земјите, а потоа и во Европската унија. „Европа“ ги исполни сите критериуми за овластен економски оператор во ЦЕФТА и Европската унија – рече Танасовски.

Тој рече дека уште три одобренија се во постпака, а уште десет компании вршат консултации со Царинската управа за поднесување барање во текот овој и следниот месец.

Директорката на „Европа“ Марика Караџоска соопшти дека периодот на усогласување со критериумите за овластен економски оператор траел шест месеци и бил бесплатен.

– Првите контакти ги направивме во јуни лани. Во септември поднесовме барање, а во октомври веќе го дополнивме. Сега веќе сме овластен економски оператор – рече Караџиоска.

Премиерот Зоран Заев, пак, рече дека со новиот концепт е намалување на трошоците за увоз и извоз и подобрување на конкурентноста на компанијата.

– Поседувањето на сертификатот за компаниите значи дека ги исполнуваат економските и безбедносните стандарди за вршење на надворешната трговија- рече  Заев.

Овластениот економски оператор претставува нов концепт и модернизација на царинското и надворешно трговското работење кое произлегува како реформа од Берлинскиот процес и протоколот 5 од ЦЕФТА.

Во светот има 77 програми за овластен економски оператори и 17 во најава. Според податоците на Светската царинска организација, постојат 35 договори за меѓународно признавање, а 35 се во фаза на преговарање.