Број на текстови објавени денес: 72
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Владе Дивац распука со сачмарка низ центарот на градот ВИДЕО

Славниот српски кошаркар и функционер во Сакраменто Кингс, Владе Дивац, со Србите во Америка го прославил православниот Божиќ.

По традиција, Србите кои се отселиле во Америка, каде сега живеат, се собираат во Џексон и Чикаго и заедно пукаат од пушки, по што ги собираат испуканите чаури.

Секако, станува збор само за ќорци и се се одвива под строга контрола на полицијата.

Оваа церемонија со своето присуство ја зголемил и Владе Дивац, кој исто така пукал од огнено оружје. Тој со неколку свои пријатели пристигнал со џип на добро познатата локација и заедно со нив ги покажал своите способности во ракувањето со пушка.

По пукањето, сите заедно одат во црква, а потоа со печено прасе одат во неколку куќи.