Број на текстови објавени денес: 69
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Висок крвен притисок, запек, подуеност – пробајте ја чудотворната супа!

Луѓето за празничните денови со исхраната може да внесат и до три пати повеќе енергетски богата храна отколку останатите денови во годината. Тоа би значело повеќе од 6.500 калории на ден! Иако тој податок звучи алармантно, уште поважно e, велат нутриционистите, да се истакне од каде тие килокалории доаѓаат. Од шеќерите, трансмастите, заситените масти…

Понатаму, треба да се спомне и катастрофалниот метаболички ефект на таквата храна, со пропратен хроничен недостаток на билните влакна и – водата. Да, водата, без разлика дали онаа која се наоѓа во производите како зеленчукот и овошјето, или онаа која целно ја внесуваме преку чаевите, природните овошни сокови или пак, немрсните супи. Во зима сме хронично дехидрирани. А, потоа и хронично констипирани (дигестивен запек).

Покрај тоа, внесот на солта достигнува такви концентрации така што бубрезите, покрај црниот дроб, со празничната исхрана се акутно најпогодени.

Со други зборови, најлошо поминуваат цревата и крвните садови. Нарушување на крвниот притисок, дигестивен запек, кој трае и по неколку дена, диспепсија со киселини во желудникот и подуеност која не престанува со денови… Амбулантите по празниците се редовно полни со луѓе кои бараат помош поради проблемите со варењето, а неретки се и оние кои прибегнуваат кон третмани на чистење со сода бикарбона како и со проверени и непроверени билни препарати.

Супа за детоксикација
Искористете ги сите остатоци од зеленчукот и од нив подгответе супа која ќе го исчисти организмот откако веројатно сте изеле премногу мрсна, солена и слатка храна…
Супата едноставно се приготвува, се користат производите кои ги имате во фрижидерот, а и веганите во неа ќе уживаат, бидејќи не содржи производи од месо.
Рецептот може да се менува, а без разлика што и да ставите во неа сигурно ќе уживате во топлата супа во овие студени зимски денови.

Супа од различен зеленчук
Потребни состојки:
2 лажици маслиново масло
1 помал кромид
сол, црн пипер
1 морков
1 компир
1 домат
шолја грашок
1 тиквичка
2 чешниња лук
1 лажица сушено оригано
прстофат лута сушена пиперка
магдонос
шолја исечкан кељ
шоља брокула
¼ суво бело вино
1 лажица оцет
1 конзерва исечкани домати
1 помали пиперки
Подготовка:
1. Сите состојки добро измијте ги и исчистете ги по потреба од кората. Исечете ги на помали коцки.
2. Во поголем сад загрејте ја водата и додадете го маслиновото масло. Додадете го сиот зеленчук и зачините, освен кељот и брокулата.
3. Додадете ги белото вино и оцетот како и доматите во конзерва.
4. Супата би требало да ја варите 30-тина минути, додека морковите не омекнат, а 15 минути пред крајот додадете ги кељот и брокулата.
5. Зачинете ја супата по желба, па послужете ја топла. Супата можете да ја чувате во фрижидер до два дена.