Број на текстови објавени денес: 64
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Битолчанка тешко повредена во сообраќајка

Вчера на крстосницата од улиците „Арон Ароести“ и „Минела Бабуковски“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „мицубиши“ со битолски таблички, управувано од 36-годишниот крушевчанец Љ.С., удрило во 58- годишен пешак од Битола.

Од ударот 58-годишната битолчанка Х.Н. се здобила со тешки повреди и била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде е задржана на лекување.