Број на текстови објавени денес: 1
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Hasta la vista, baby, Вие одете кај сакате , јас си останувам во мојата Република Македонија,да бидам жив свидетел и хроничар на едно време кое ја отсликува Содомијата на Опшеството за сите!

НемТ ренде,немТ нишчо ,ама си го имаТ Лаки нервозниот претседател,првиот охридски„Дон“ од Арбино,кој ни приреди забава ,ни го донсе Бокица 13-ка ,онака предреферендумски да го оживиТ охридон!

Бокица ,Северинчица , Цеца национале,финасиски башибузук и триста тракатанци,нејасно е само зашто при вакви престижни кичерајски музички „мајстори“ , државаа сеуште оделува пари за „Охридско Лето“,која манифестација никој нит ја споменува?!Какви арии, драмски престави и останати културни достигнувања, тоа не се мери со Цеца ,Бокица и Северина!, нели „Дон Лаки“ Таневски?

Кога сме веќе кај културните и некултурните игранки , нејасно е како и од кој аспект директорката на НУ Завод и музеј Охрид се вклучила во организација на концертот на Влтко Стефаноски, можеби како тоа треба да изгледа билетот за влез на концертот треба да соодејствува со камените блокови на Антички театар?!Не, не е ништо случајно , посебно многу е трагично,битно е само Охридтурист да остане споменик на култура ,за да не може да се реновира,Лаки ,тргнал во поход да го ништи Свето и Кире од Скопска пивара, да,да не му го дале десарет под закуп,сега тој политички силен ,ќе ги ништел?!

Референдусмкото изјаснување заврши. Многу ќе биде интересно послем скандалот со Фондот за иновативна глупост и тешките милиони народни доделени пари по партиски клуч,скандалите со милионските донации на Бокица 13-ка во Охрид ,но и кога допдатно ќе обзнаниме милион мали глупости,да се дефинира референдумското прашање!

Јас нема да излезам на референдум, многу од моето опкружување го делат моето мислење,ќе седиме настрана . Интересно ќе биде како Бокиевци ќе го обработат референдумот, дали со Б окица, цецичка ,Севериничка ќе ја прават медиумската пропаганда?

Паметни лица ,не и требаат на оваа држава , тие веднаш се државни непријатели , од како ќе го изложат своето видување на нештата, но ни на крај памет не ми паѓа да повторно трчам, да се борам нешто за што веќе и јас имам изгубено секаква надеж,дека ќе бидеме едно опшество за сите!!!.. Вакво опшество ,труло и гнило имавме 13 години , се боревме против тоа зло,пишувавме цели фермани,за тоа како „преродбениците“ немале за леб а трошеле на Цеца,сега од лошо ,влеговме во полошо,ајдуците исти , надоградени и проширени ,сега само со нови ликови од првиот ешалон!?

Hasta la vista, baby Лаки и компанија, вие одете кај сакате , јас си останувам во мојата Република Македонија,да бидам жив свидетел и хроничар на едно време кое ја отсликува Содомијата на Опшеството за сите….

Сашо Денесовски