Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Јужна Кореја веќе не им пушта К-поп и пропаганда на Северна Кореја

Korean-Bridge-Water-Seoul-South-Korea-Fountain-71469-640x436

Официјален Сеул нареди исклучување на звучниците поставени на границата со Северна Кореја, преку кои се емитуваа пропагандни пораки и корејска поп-музика.
Оваа одлука е донесена во пресрет на претстојните разговори меѓу функционерите на двете држави. Во изминатите 10 години, Јужна Кореја преку големи звучници поставени долж границата на соседот вршеше пропаганда преку критички изјави кон Северна Кореја, а ги забавуваа пограничните служби со корејска поп-музика (К-поп).
Со повлекувањето на звучниците се смета дека ќе се намали тензијата и ќе се воспостави мирољубива атмосфера пред официјалните средби.

Исто така и Северна Кореја имаат поставено звучници на границата, со кои ѝ враќаат на пропагандата на соседите. Ваквите прекугранични препукувања кулминираа и кога Јужна Кореја со балони испраќаа копии од филмот „Интервју“ на територија на Северна Кореја.