Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена-СО УЧЕСТВО ДО ПРОМЕНИ

thumbnail

Ве известуваме дека во тек е реализација на проектот „СО УЧЕСТВО ДО ПРОМЕНИ – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модeл на институција на јавно-цивилно партнерство“ во организација на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена.

 

Првиот од низата предвидени јавни настани, е во организација на здружението Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга, членка на ЈАДРО, и ќе се одржи на 17-ти септември (понеделник), со почеток во 10 часот во Центарот за култура во Струга, а вториот настан во организација на МедиаАртес од Охрид ќе се одржи на 17-ти септември (понеделник), со почеток во 13.00 часот во хотел Ривиера во Охрид.

 

Во септември 2017 година, после три години интензивна работа се регистрира првата хибридна институција на цивилно-јавно партнерство во земјава меѓу ЈАДРО и Општина Центар од Скопје наречена Културно-социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО. Отука ЈАДРО започна проактивно да работи на моделирање на поинакви пристапи на враќање на инситуциите во рацете на нејзините корисници, на јавноста, преку создавањето на своевидни културно-социјални центри, кои суштински ќе се разликуваат од досегашните, традиционални простори и установи на културата.

Проектот за основање хибридна институција е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт и граѓанската мрежа и подразбира децентрализиран модел на управување и одлучување, вклучување на професионалниот сектор во градење на политиките на инситутциите, овозможување на програмско учество на заедницата, децентрализацијата на моќта и општествени промени и развој на граѓанско општество.

 

Намерата на проектот „СО УЧЕСТВО ДО ПРОМЕНИ“ е да се претстави овој пионерски модел реализиран во Скопје пред пошироката јавност, истиот да се децентрализира, и во соработка со 3 партнерски организации, Младинскиот културен центар (МКЦ) од Битола, МедиаАртес од Охрид и, ИНКА од Струга, да се отпочне процес на развивање на модели со локални специфики за формирање на културно-социјални центри во Битола, Охрид и Струга.

 

Оттука, истиот предвидува 3 јавни настани со работилници кои ќе ги вклучат членките на ЈАДРО како и претставници од локалната независна сцена и локалните власти, заради анализа и разработка на елаборат за ко-управувачката структура на моделот за хибридна институција, со можност за негово имплементирање во Битола, Охрид и Струга каде веќе е започнат процес на консолидирање на актери од независната културна сцена за заедничко делување за воспоставување на нов модел на институција.

 

Работилницата во Струга ќе биде предводена од Јасмина Билаловиќ и Анита Ивковиќ, а работилницата во Охрид ќе ја предводат Маја Ангеловска и Анита Ивковиќ.

 

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на РМ, во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“.