Број на текстови објавени денес: 61
image003
image003

Цеца и Аца Лукас се на црната листа на САД

ceca(8)

На црната листа на САД се наоѓаат и Светлана Ражнатовиќ – Цеца, Војислав Шешељ, Аца Лукас, Мерима Његомир, Горан Радосавлјевиќ Гури, како и началникот на генералштабот Љубиша Диковиќ, објави српски Телеграф.

Се наведува дека САД на српската пејачка Цеца не ѝ ги простува гревовите од бракот со Жељко Ражнатовиќ – Аркан, кого го оценуваат како воен злосторник и криминалец.

На списокот се наоѓа и Војислав Шешељ поради воената реторика, иако е ослободен во Хаг. Тој има и блокирани сметки во САД, каде што заработувал како преведувач.

Последен на списокот се најде и началникот Генералштабот, Љубиша Диковиќ, на кого амбасадата одбила да му издаде виза. Тој требало да патува во САД за да одржи предавање.