Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

ХОРОР ВО ДЕТРОИТ – Пронајдени тела на 11 бебиња на таван во погребална фирма

Властите во Детроит, по анонимен повик, пронајдоа тела на 11 бебиња во распаѓање, скриени во таван на зграда на една погребна фирма во градот.

Поручникот Брајан Браузер од детроитската полиција изјави дека телата на бебињата се најдени меѓу првиот и вториот кат. Тој додаде дека девет тела биле сместени во картонска кутија, а две замотани во ќеса за ѓубре и оставени во ковчег.

Бебињата се идентификувани и полицијата ќе се обиде да стапи во контакт со семејствата.

Погребната фирма е затворена во април, кога инспектори им ја одзеле опремата за работа, бидејќи во нејзината зграда се откриени човечки тела покриени со мувла.