Број на текстови објавени денес: 16
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Хаос и полициска анархија на езерско дерби,ја потврдија и од управата на Р.К.Охрид(Аудио-Видео)

Како што и објавивме синоќа за скандалозната ракометна утакмица ,помеѓу РК Охрид и РК Струга,под наслов „Хаос и полициска анархија на езерско дерби помеѓу РК Охрид и РК Струга“, каде стотици граѓани останаа надвор пред спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид со купени карти.Хаос и полициска анархија, вака може да се опише почетокот на ракометното езерско дерби помеѓу РК Охрид и РК Струга во спортската сала Билјанини Извори во Охрид !

Синоќа ,редакцијата на ОхридСкај стапи во телефонски контакт со членот на Управа на РК Охрид г-дин Горан Лекоски.Лекоски во телефонскиот разговор со редакцијата ОхридСкај ,ја потврди информацита дека граѓани останале надвор и не можеле да влезат во спортската сала .Причината за тоа Лекоски ја лоцира наводно во Полицијата која им ги одземала ингеренциите на Управата и на обезбедувањето кое го имала ангажирано управата на клубот. но и дека голема група на навивачката група „Рибари“ влегла без карти,а тие не се надевале како управа на толкава посетеност на навивачка група?! Лекоски потврди , дека натпреварот кој имаше и хуманитарен карактер ,парите од купените карти беа наменети за донација за лекување на малата САРА,граѓаните кој не успеале да влезат ,управата ќе излезела денес наутро со званично соопштение?!Такво соопштение сеуште денес , 21.10.2018 година до пладне 13,30 часот НЕМА. лекоски и другите членови на УО на РК Охрид не одговараат на телефонските повици?!

Во прилог телефонскиот разговор со Горан Лекоски ,член на УО на РК Охрид ,каде јасно признава дека полицијата ги затворила вратите и таа наредувала кој да се пушти?

Претходно објавена вест

Хаос и полициска анархија, вака може да се опише почетокот на ракометното езерско дерби помеѓу РК Охрид и РК Струга во спортската сала Билјанини Извори во Охрид ! Редица од граѓани на Охрид ,кој уредно купиле карти за натпреварот ,нервозно чекаат пред врати, додека началникот на СВР Охрид Сашо СМилески,најнапред си ги внесе своите партиски друграчина ,целокупното раководство на ОО СДСМ Охрид , , потоаа влегоа навивачите од Струга групно без карта ,за на крај , оние со карти во раце да останат со прст во уста.Построени припадници на некаква си агенција за обебзедување „Гарда“, полицајци на секој чекор , тие го чувале клучот од вратите??! Полицискиот началник,шпартана сите три влезови , се пропуштаат само членови на раководтсата на СДСМ и советниците од СДСМ , за останатите , можеа слободно да гледаат како тоа и во спорт функционира полициски функционер, недоветно обебзедување , и крајно срамна инедоветна организација.

Го повикуваме министерот Спасовски и раководителот на Единицата за внатрешна контрола и професионални стандарди ,да го испита работењето на Началникот -вратар на спортски натпревар.До тогаш нека си ги чуваат клучевите секоја утакмица ,кога сакаат да ја исполитизираат и спортска утакмица постануваат ДУНСТЕРИ.

ОХРИДСКАЈ