Број на текстови објавени денес: 24
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Хан се сретна со исклучените од ВМРО-ДПМНЕ: Да престанат сите закани против нив!

Искучителен состанок со еврокомесарот Јоханес Хан, напиша еден од реформаторите Петар Богојевски на Фејсбук, од Хелсинки каде се одржува Конгресот на Европската народна партија (ЕПП). Хан, пак, по средбата со паралелната делегација од ВМРО-ДПМНЕ порача дека заканите кон пратениците кои гласале за уставните промени мора да престанат.

„Добра средба со македонските колеги Петар Богојески, Емилија Александрова, Никола Тодоров на самитот на ЕПП. Ја поздравувам нивната храброст за гласањето за Договорот од Преспа. Сите закани против нив мора да престанат! Сите партии треба да работат за ЕУ агендата, која ја сака поголемиот дел од граѓанита“, напиша Хан на Твитер.

Johannes Hahn

@JHahnEU

Great meeting colleagues @PetarBogojeski, E , N @EPP Summit. I applaud their courage and bravery in voting for t Agreement. All threats against them must stop! All parties shd work 4 t agenda which t vast majority of citizens want.

Претходно Богојевски објави фотографија дека се сретнал и со Манфред Вебер, претседател на Европската народна партија во Европскиот парламент и воедно најсериозен кандидат за претседател на Европската комисија.

Впечатливо е дека во Хелсинки на Конгресот на ЕПП првпат присуствуваат две делегации од ВМРО-ДПМНЕ, едната предводена од претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николовски, секретарот за меѓународна политика Владимир Ѓорчев, и советникот на Мицкоски за меѓународна политика, Тимчо Муцунски.

На лична покана од претседателот на ЕПП Жозев Дол, пак во Хелсинки се дојдени и избрканите и разрешените членови од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојевски, Никола Тодоров и Емилија Александрова.

Како што веќе објавивме функционери од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека поканата и присуството на Конгресот на разрешените партиски членови е јасна порака од сестринската ЕПП за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, за тоа во која насока треба да се движи партијата и кому ЕПП всушност дава поддршка. Информациите се дека избрканите и разрешените ќе имаат битни средби во Хелсинки, бидејќи на Конгресот присуствува европскиот политички крем на десните партии.

Мицкоски пак веќе оствари средби со Хан и со претседателката на Асоцијацијата на жени, Дорис Пак, на кои не поминал најславно.

Пак, после средбата со Мицкоски, се огласи со твит со невообичаено остар тон, кој сведочи за крајно непријатен разговор што таа го имала со претседателот на македонската партија.

Неприфатливо е осумте пратеници од ВМРО кои гласаа за договорот со Грција и за европска иднина на земјата да се третираат како криминалци. ЕПП тоа не смее да го толерира!“, остро пишува Дорис Пак.

Хан по средбата, на твитер мрежатa објави дека имал корисни разговори со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравив неговата заложба да не го опструира процесот во Собранието. На ЕУ интеграции и е потребна конструктивна опозиција“, ќе заклучи Хан.

Мицкоски по средбата, на Фејсбук напиша:

„Остварив средба со комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан. Посочив дека членството на Република Македонија во ЕУ претставува стратешки интерес за ВМРО-ДПМНЕ. Го информирав еврокомесарот Хан и за политичкиот прогон и злоупотребата на правосудството против ВМРО-ДПМНЕ“.

Од партијата соопштија дека Мицкоски синоќа и во текот на денешниот ден, на маргините на самитот на Европската народна партија, оствари низа средби со претставници на ЕНП и лидери на држави од сестрински партии.

Тој се сретнал со Хорст Зехофер, вице-канцелар на Германија, министер за внатрешни работи и лидер на владеачката ЦСУ, со Антонио Тајани, претседател на Европскиот Парламент, на кого му пренел дека приоритет за ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе биде ЕУ интеграцијата на Република Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се сретнал и со
премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.