Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Филтерот во „Дрисла“ ќе проработи, ама со регионалните депонии се доцни

До крајот на неделата ќе проработи филтерот во депонијата Дрисла, а владата веќе работи на утврдување на локации за регионални депонии и подобрување на законската регулатива,се со цел да се исполнат препораките на Европската унија, најави денеска заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

Тој посочи дека проблем во земјава се големиот број нелегални депонии. Ги има меѓу 66 и 88, а само во една општина каде што градоначалникот пружа најголем отпад за регионално регулирање на отпадот има осум депонии.

– Апелирам градоначалниците да не се плашат да ги фатат европските текови во управувањето со отпад. Депониите кои треба да се изградат нема да бидат како онаа во Струга, туку современи преработувачки капацитети кои ќе вработуваат – рече Макрадули.

Тој присуствуваше на меѓународна конференција „Европските искуства за улогата на компаниите што ги управуваат посебните текови на отпадот, сега и во иднина“ во организација на Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпадот во Стопанската комора.

Претседателот на Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпадот во Стопанската комора Филип Ивановски рече дека иако имаме добри закони проблем е тоа што има мала контрола на нивната имплементација па голем број компаниите кои создаваат отпад го користат ртоа и не плаќаат ништо за тоа.

-На овој план државата годишно губи по 4 до 5 милиони евра – рече Ивановски.

Компаниите кои управуваат со амбалажен отпад посочуваат и дека најголемиот дел од јавните комунални претпријатија во општините не располагаат со соодветна механизација за да можат да одговорат на поставените обврски.

Бугарските искуства во однос на решавањето на прашањето со отпадот од амбалажа и електорснкиот отпад покажало дека државата главно треба да има добри закони, финасиски стабилни претпријатија кои се занимаваат со управување на отпад и беспрекорна контрола.

-И ние ги имавме тие проблеми како и Пакомак сега во Македонија, но ние во нашето претпријатие обезбедивме доволен број на возила и означени канти за отпад кои се поставени бликску до домовите на граѓаните. Потребно е да се подобри свеста на граѓаните за селекција на отпадот и проблемите полека ќе се разрешуваат- рече Тодор Боургоуцков од компанијата Екопак од Бугарија.

На годишно ниво во земјава се создаваат 800.000 тони отпад. 50 отсто од овој отпад е влажен отпад кој може да се компостира. Дури 100.000 тони е амбалажен отпад од кој се собира само 30 до 35.000 тони и 15.000 тони е електронски отпад.

На конференцијата покрај бугарските искуства, беа презентирани и чешкото и германското искуство со собирање на отпад од амбалажа.