Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

ФИЛИПЧЕ ВО ОХРИД:НОВ ЗДРАВСТВЕН ДОМ ЌЕ ДОБИЕ ОХРИД

14_09_2018_ZDRAVSTVEN_DOM_1

Нов здравствен дом изграден по највисоките светски стандарди ќе добие Охрид,како што обзнани Охридскај , ова беше истакнато на трибината што синоќа се одржа во големата општинска сала , а на која присуствуваа охридскиот градоначалник , Јован Стојаноски и министерот за здравство на Р. Македонија, Венко Филипче.

Домот треба да биде сместен во рамки на охридската Општа болница, а изработувачи на проектот се професорите Зорица Блажевска и Саша Тасиќ, од Архитектонски факултет од Скопје.

Објектот е составен од две блоковски структури, приземје и кат и приземје и два ката, од каде што излегува мала административна кула, потенцира професорката Блажевска за време на презентацијата.

– Проектирање на ваков објект е сложен процес затоа што има голем број на служби кои треба добро да се сместени, да имаат диференцирани пристапи и автономност на сите функционални групи. Во новиот современ здравствен дом ќе бидат сместени службата за итна медицинска помош, педијатри, примање инфузии, лабораторија, диспанзер за деца од предшколска и школска возраст, трудова медицина, служба за рендген, патронажна служба, како и концесионери стоматолози и детска стоматологија. Блоковските структури имаат средишно поставени атриуми со цел сите содржини во објектот да се природно вентилирани и осветлени. Двата објекти се поврзани хоризонтално со коридор, а вертикалната комуникација е со скали и лифт, истакна Блажевска.

Целта на новиот Здравствен дом е пациентот да добие интергрирана услуга, односно сé да биде на едно место, истакна на презентацијата министерот за здравство, Венко Филипче.

– Проблеми во овој сектор има многу, со недостиг на кадар, доктори, медицинкси сестри, огромни долгови, заглавени инвестиции, судски спорови и друго. Па, сакаат како министерство преку дебати да слушнат од граѓаните какви се потребите за да се најде идеалното решение. Планот со новиот здравствен дом е нова форма која сакаме да ја имплементираме, а тоа е да дислоцираме амбуланта од едно на друго место бидејќи старата е нефункционална несоодветна, подвлече Филипче според кој болниците во Охрид се одлични регионални центри кои нудат врвни услуги.

-Болниците во Охрид се одлични регионални центри. Таков е Заводот за кардиоваскуларни заболувања кој нуди врвни услуги за пациентите со докажан и признат кадар во Светот. Тоа е нешто што вреди да го усовршуваме и надополнуваме. Многу добри специјалисти во соодветната област има и специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Навистина вреди да се инвестира и вложува во вакви институции- подвлече министерот Филипче, и посочи дека ќе продолжи изградбата на новото крило во косната болница кое се гради по највисоки светски стандарди. Според Филипче во Охрид има одлични услови за развој на здравствен туризам и во иднина државата со поддршка на општинската власт активно ќе работи на создавање услови за развој на ваков тип туризам.

Заменик-градоначалникот Константин Георгиески на средбата откри дека овој проект произлегол како резултат на една неформална средба помеѓу министерот за здравство и градоначалникот Стојаноски пред неколку месеци.

– Тогаш, како реазултат на долгогодишната потреба за изградба на Здравствен дом во Охрид, почнавме да бараме решенија, првично преку некои стари проекти. Откривме еден проект кој веќе беше изработен и со голем ангажман успеавме да го приведеме при крај. Се надевам дека со сериозни заложби од Министерството, локалната самоуправа и министерот Филипче, ќе дојдеме до финална реализација, истакна Георгиески.