Број на текстови објавени денес: 109
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Фетел: Јас сум мојот најголем непријател, а не Хамилтон

Екипата на Ферари има побрз автомобил оваа сезона во Формула 1, но Хамилтон и Мерцедес водат во пласманот. Според експертите, тоа се должи во огромна мера на грубите грешки кои ги допушта Себастијан Фетел – единствениот пилот кој има реална шанса да се натпреварува со Хамилтон за титулата.

На повеќето луѓе им е тешко да ги признаат своите грешки, а Фетел не е исклучок. Себастијан, сепак, направи критичка самоанализа пред Големата награда на Сингапур.

– Сметам дека работите за мене се јасни. Јас сум си својот најголем непријател. Имаме одличен автомобил, ги имам сите услови да напаѓам, и шансите се на наша страна. Очигледно Луис е лидер во моментов, тој води и тој мора да биде надминат, но според мене ги имаме сите шанси – но дали ќе успееме да ги искористиме сега и во иднина – тоа е друго прашање, изјави пилотот на Ферари.

Фетел го сврте вниманието и кон претстојната трка. Тој истакна дека стартот во Сингапур е најтешкиот за пилотите – физички и ментално – и дека човек никогаш не се чувствува целосно подготвен. Од друга страна пак, предизвикот е одличен, па затоа лично не може да го дочека почетокот на викендот.

Себастијан стартувал од пол-позицијата на „Јас Марина“ рекордни четири пати. Тој водеше од стартот до финишот во 2011, 2013 и 2015, а во 2013 направи т. н. „Голем слем“ (водство во секоја обиколка и најбрза обиколка).