Број на текстови објавени денес: 0
image003
image003

Урко ја киднал „службено“ , не дојде да сведочи за мерцедесот

urko-630x420

Поранешниот шеф на обезбедувањето на Никола Груевски, Дејан Митревски Урко утрово не се појави во Кривичниот суд во Скопје каде треба да сведочи во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот.

Адвокатите на Груевски не знаат зошто не се појави, а судијката Добрила Кацарска им посочи да го побараат и во текот на судењето да дојде во судницата.

Покрај Урко во судот не дојде уште еден сведок за кој адвокатката Сања Алексиќ кажа дека утрово ја известил оти е на службен пат.

Во Кривичниот суд присутни се останататите шест сведоци на одбраната.