Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Уапсен фудбалски судија, досудил непостоечки пенал (ВИДЕО)

Srgjan-Obradovic-fudbalski-sudija-Srbija

Фудбалскиот судија Срѓан Обрадовиќ е уапсен под сомнение дека ја злоупотребил службената положба, соопшти Министерството за внатрешни работи на Република Србија, јавуваат српските медиуми.

Судијата кој на натпреварот Спартак – Раднички (2:0) што се одржа викендов, досуди непостоечки пенал за домашниот тим, не помина на полиграфското тестирање што го побарало Вишото јавно обвинителство и затоа остана во одредениот дводневен притвор.

Постои основано сомнение дека причината за досудениот пенал во Суботица, што тој го досудил на натпреварот Спартак-Раднички (Ниш), не бил превид, туку дека постои врска со кладилниците.

Обвинителството истражува кој му платил на судијата за да досуди непостоечки пенал.