Број на текстови објавени денес: 90
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Уапсени албански цариници кои замижале на шверц на грав од Македонија

Албанската полиција уапси двајца цариници вработени на граничниот премин Горица на албанско-македонската граница кај Стење, под обвинение дека овозможиле шверц на грав од Македонија.

– Поради злоупотреба на службената положба за лична корист, уапсени се цариниците од граничниот премин Горица, Гентиан Кецо (34) од Бабан кај Девол и Хектор Марино (39) од Корча. Уапсен е и Петре Митре (27) од селото Глобочани, општина Пустец, кој од Македонија внел 1,3 тони грав – соопшти Полицискиот комесаријат од Корча, под чија надлежност е преминот.

Зпленетата стока била натоварена во возило марка „Фолксфаген“, а цариниците дозволиле да мине без да да биде извршена контрола и потребната царинска процедура.

Уапсените ќе одговарат за „злупотреба на службета положба“ и „недозволена троговија“ пред судот во Корча.