Број на текстови објавени денес: 104
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Турски сезимолог предупредува! Расте ризикот од силен земјотрес во Истанбул

Зголемен е ризикот реонот на Истанбул да биде погоден од силен земјотрес со интензитет од 7,5 до 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој би можел да предизвика цунами во Мраморното Море, предупреди сеизмологот од Центарот за природонаучни истражувања при истанбулскиот Универзитет „Јилдиз“, Шукри Ерсој.

– Мраморното Море има историјат на цунами. За 4000 години има сведочења за стотина случаи на цунами, а научниците откриваат докази за тоа при ископувањара, изјави Ерсој во обраќање на церемонијата по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погодил реонот на Истанбул на 14 септември 1509 година и предизвикал цунами во Мраморното Море.

Според Ерсој, при евентуален силен земјотрес во регионот на Истанбул, цунамито што би се создало во Мраморното Море би ги погодило бреговите за околу пет минути.

– Според група наулници во следните 30 години постои 65 проценти веројатност дека (во реонот на Мраморното Море) ќе има земјотрес со јачина од над 7 степени. Ризкот од земјотрес расте. Тој може да се случли утре, а може и по 11 години, истакна Ерсој.

ФОТО:EPA-ERDEM_SAHIN