Број на текстови објавени денес: 64
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Туристичка агенција од Хрватска на сликите од Мостар џамиите ги заменила со цркви

Туристичката агенција Адриатик травел од Хрватска, со седиште во Сплит, на промотивната фотографија на Мостар, со фотомонтажа ги заменила џамиите со католички цркви.

На една од „промотивните“ фотографии, мостарските џамии Хаџи-Куртова и Незир-агина заменети се со цркви, односно наместо минаре прикажани се ѕвона на црква и катедрала, пренесува порталот Кликс. На истата фотографија, крстот од ридот Хум се наоѓа на ридот Фортица.