Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Тројца ученици летнаа во воздух откако жена притиснала гас наместо сопирачка (ВИДЕО)

Тројца ученици имаа многу среќа што останаа живи завчеравечер, откако жена што управувала хјундаи, наместо на сопирачката, притиснала на педалот за гас и буквално ги кренала во воздух несреќниците кои оделе настрана од патот во Брониц, преградие на Москва, објавија повеќе руски медиуми.

Очевидци велат дека по судирот, жената излегла од автомобилот со зборовите: „Жал ми е, момци!”

Сепак, откако го видела оштетувањето на автомобилот, била позагрижена: „Ох, автомобилот ми е уништен”.

За среќа, овој инцидент мина без жртви. Тројцата ученици со возила на итна помош се пренесени во болница. Две од момчињата по медицинската интервенција беа пуштени на домашно лекување, но едното се здобило со потрес на мозокот и е задржано во болница на дополнително набљудување.