Број на текстови објавени денес: 127
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Три лица каснати од кучиња скитници

Вчера во 14.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице С.Д. кое на булеварот „Трета Македонска Бригада“ било каснато од куче скитник, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
-Нешто подоцна, во Полициската станица Гази Баба, А.В.(36) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 21.30 часот на улицата „Антон Попов“ бил нападнат и каснат од повеќе кучиња-скитници во пределот на десната нога и левата рака. Во 00.30 часот А.Т.(27) од Охрид, во Полициската станица Центар пријавила дека на улицата „Владимир Полежиновски“ била касната од куче-скитник на левата надколеница- велат од МВР.