Број на текстови објавени денес: 9
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Три години затвор за поранешниот градоначалник на Липљан

Судот во Приштина го прогласи за виновен поранешниот градоначалник на Липљан, Шукри Буја за злоупотреба на службената должност и го казни со три години затвор, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од останатите осум обвинети во истиот судски процес, четворица се ослободени од вина, а останатите се казнети со затвор од шест месеци до 2,5 години.

Буја беше обвинет за злоупотреба на службената должност во врска со меморандум потпишан со приватната компанија „Њу Цо Фероникел Комплекс Л.Ц.“, на која во 2008 година и отстапил на десетгодишно користење општинска зграда со кирија од едно евро месечно.

Според Обвинителството, на тој начин на Општината и е нанесена материјална штета.

Случајот на Буја во јавноста, но и од меѓународни претставници, често се посочуваше како услов за визна либерализација, бидејќи, како што се наведуваше, со одолговлекувањето на судската одлука се покажуваше недоволна решителност во борбата против корупцијата.

Шукри Буја, поранешен командант на Ослободителната војска на Косово, во минатиот собраниски состав (2014-2017) беше пратеник на владејачката Демократска партија на Косово (ПДК), а актуелно е член на Комисијата за верификување на статусот на ветереаните на ОВК и често се споменува во врска со аферата со лажни ветерани.