Број на текстови објавени денес: 90
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

ТРЕТО ИЗДАНИЕ НА МЛАДИНСКИОТ ШАХОВСКИ ТУРНИР „ЛАСКЕР 2018“

10_10_2018_SAH_4

Во Хотел Филип Охрид, синоќа се одржа свечено отворање на третото издание на Младински турнир „ЛАСКЕР 2018“. На присутните им се обрати пртеседателот на ШК ЛАСКЕР Охрид г-ѓа Наташа Лушеска, од името на Шаховската федерација на Македонија генералниот секретар г-ин Иван Кочовски, а присутните ги поздрави и турнирот го прогласи за отворен градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски.

На отворањето со музичка точка се претставија младата виолинистка Марија Џуклеска, ученичка во Општинското музичко училиште Методиј Патчев од Охрид, во пијано придружба на проф. Даниел Чуркоски.

Од 11 до 14 Октомври секој ден со почеток во 09:30 и во 16:30 ќе одржува натпреварувачкиот дел на  Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2018“. На турнирот учествуваат 96 млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција и Македонија. Турнирот е во организација на Шаховски Клуб ЛАСКЕР Охрид со подршка од Шаховска Федерација на Македонија, Хотел Белведере Охрид и АРС Ламина Публикација Скопје.

Листата на учесниците може да се погледне на страната на Светската шаховска федерација ФИДЕ на следниот линк: http://chess-results.com/tnr371678.aspx?lan=1