Број на текстови објавени денес: 108
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Трамп побарал од членките на НАТО да ги удвојат расходите за одбрана на 4 проценти од БДП

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска побара од членките на НАТО да го зголемат трошењето за одбрана од 2 проценти од бруто домашниот производ на 4, колку што сега трошат Соединетите Американски Држави.

Самитот на НАТО помина во знак на инсистирањето на Трамп до другите 28 членки да почнат сериозно да ја сфаќаат обврската да се одбранат од надворешни напади, и да почнат интензивно да купуваат вооружување, а не упорно да се потпираат врз американската армија. Повеќето членки на НАТО не ја исполнуваат ниту сега преземената обврска да трошат 2 проценти од бруто домашниот производ, а некои трошат и под 1 процент.

Претставник на Белата куќа денеска информираше дека претседателот, во разговорите со водачите на другите членки на НАТО, ги прашувал кои се нивните планови за идните воени расходи. На спомнувањето на бројката од 2 проценти, претседателот одговарал дека е подобро да се размислува за 4 проценти од вкупното годишно економско производство.