Број на текстови објавени денес: 58
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Трамп не ја подигна старосната граница за купување оружје

tramp-696x365

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги следи судските случаи и пресуди пред да донесе одлука за старосната граница за купување одредени видови оружје.

„Вооружени чувари се ОК мерка“, напиша Трамп на Твитер по соопштението од Белата куќа во кое се изложува планот со мерки за борба против оружени напади во училиштата. Во пораката за старосната граница Трамп напиша: …ги следам судските случаи и пресуди пред дејствувањето. Државите ја носат оваа одлука. Нештата се движат многу брзо по ова прашање, но (благо речено) нема многу политичка поддршка.

Белата куќа вчера објави нов план за спречување оружени напади во училиштата, но тој не го вклучува претходниот предлог на Трамп за кревање на старосната граница за купување оруќје на 21 година, а прашањето за вооружување наставници, исто така негов предлог, се остава да се реши на ниво на сојузни држави и локални заедници.