Број на текстови објавени денес: 10
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Тошевски: Сега е се поинаку

fk-vardar-683x460

Фудбалерите на Вардар, Дарко Мицевски и Кристијан Тошевски пред четири години како членови на Тетекс играа против Пјуник исто така во Лигата на Европа. Тогаш двајцата фудбалери беа елиминирани од овој тим, но сега двајцата вардарци се надеваат на поинаков епилог.
– Добро се сеќавам на тие два натпревари. Јас влегов од клупата и на двата меча. Тогаш разликата беше што првиот натпревар го игравме во Скопје. Беше 1:1, а на реваншот бевме поразени со гол во последната минута. Мораше да се отвориме, да ризикуваме да дадеме гол и се случи да примиме. Сметам дека тогаш Пјуник беше посилен, заврши како втор на табелата во Ерменија, а ние како освојувачи на Купот излеговме во Европа- вели Тошевски во изјава за клупскиот сајт.

Тој најави игра на победа на двата натпревара.

– Минаа четири години од тогаш, и мислам дека многу работи се променети. Сега нормално, посакувам успех против Пјуник и да поминеме во следната фаза-додаде Тошевски.

Натпреварот Пјуник – Вардар од првото квалификациксо коло во Лига Европа ќе се игра утре од 16 часот во Ереван.