Број на текстови објавени денес: 83
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

СуперШи – остров наменет само за жени

Ostrov-1

Американска претприемничка отвора одморалиште на остров во Финска, наменето само за жени. Во одморалиштето има десет апартмани и е замислено како ултралуксузна оаза фокусирана на здравјето.

На мажите ќе им биде забранет пристап на островот СуперШи (SuperShe), кој се наоѓа во архипелагот кај Хелсинки. Во местото ќе може да уживаат само членки на заедницата СуперШи, основана од Американката Кристина Рот. Таа, идејата за ваква женска оаза ја добила откако на своите одмори открила дека мажите им го одвлекуваат вниманието на жените.


– Кога има сладок маж во близина, жените ставаат кармин – рекла Рот, инсистирајќи дека не се работи за омраза кон спротивниот пол.

Одморалиштето официјално ќе биде отворено за гостинки подоцна оваа година.