Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Сузана Манчиќ: Загубив 15 килограми и не ми беше тешко!

suzana-mancic

Популарната водителка, пејачка и глумица Сузана Манчиќ, со помош на липосукциската исхрана успеала за еден месец да изгуби дури 15 килограми. Сузана, која важи за една од најубавите жени во регионот, вели дека липосукциската исхрана на некој начин ѝ го променила животот и погледите на него.

Колку сте задоволна од липосукциската исхрана?

– Презадоволна сум! Кога првпат слушнав за третманот, мора да признаам дека бев многу скептична. Сум пробала многу диети и на прв поглед, тој концепт ми изгледаше бесмислен. Но, одлучив да пробам, бидејќи бев очајна поради фактот дека сум наталожила многу килограми. За само еден месец изгубив дури 15 килограми, а тоа што е многу важно, тие килограми не се вратија. Освен слабеење, во текот на диетотерапевтскиот третман, не ми страдаше кожата, немав никакви здравствени проблеми, како забрзано срцебиење или несоница, што е случај кај жените на мои години кога се на диета.

Што ја прави липосукциската исхрана различна од диетите кои порано сте ги пробале?

– Како најважно би го издвоила пристапот кон пациентот и поддршката која ја добивав во „International health“. Кога почнав да губам килограми, нутриционистот ми кажа колку е важно да продолжам да се хранам според неговите препораки. Разговараше со мене за важноста на здравата исхрана и ме праша дали навистина сакам цел живот да бидам на редукциски диети и дали сакам да земам производи кои го поттикнуваат слабеењето. Таквите разговори и совети ми помогнаа да продолжам да се хранам здраво. Ме воодушеви фактот дека некој води сметка за личноста и после диетата и дека сака да ѝ помогне да живее здраво.

Како денес ја одржувате диетата? Има ли многу одрекувања?

– Кога човек е млад, сѐ може да издржи, додека со текот на годините сѐ станува потешко. Метаболизмот е побавен, а организмот старее. А, бидејќи сакам да јадам, одев од крајност во крајност – или се препуштав на целосен хедонизам или бев на строги диети кои, сепак, не даваа добри резултати. Кога ја поминав првата фаза на липосукциска исхрана, односно кога престанав со третманот, со нутриционистичките совети симнав уште четири килограми. Можам да кажам дека не ми беше тешко слабеењето.

Имате ли и Вие, како поголем број од жените, во гардероберот барем еден фустан кој не го носите бидејќи е претесен, а кој сакате да го облечете?

– Кога ослабнав, ја средив целата гардероба и си реков дека веќе не смеам да се здебелам. Диетата е работа на карактерот, мора да бидеме подготвени малку да жртвуваме за својот изглед и здравје. После одрекувањата и подготвеноста да се придржувам на правилата и успехот во губењето на килограми кој следуваше, одлучив да го одржувам тој баланс на духот и телото. Морам да кажам дека сум горда што и понатаму ги носам фустаните кои некогаш ми беа тесни, и тие ми се мерка.

Советувалишта и центри за липосукција има и во Скопје, Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3231223, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстевска.