Број на текстови објавени денес: 90
image003
image003

Средба на бугарскиот премиер со претседателот на Косово

taci-hashim-696x418

Kосовскиот претседател Хашим Тачи денеска му врачи медал на бугарскиот премиер Бојко Борисов по повод 10 години од независноста на Косово.

„Од името на бугарскиот народ го примив Претседателскиот медал за придонес за слободата и независноста на Република Косово, а по повод 10 години од прогласувањето. Знак на благодарност кон бугарскиот народ, кој секогаш ја поддржувал борбата за слобода, независност и мир во регионот“, напиша Борисов на својата Фејсбук страница.

По свечената церемонија, Борисов имаше средба со Хашим Тачи, а во тек се разговори со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

– На средбата разговаравме за европскиот пат на земјите од Западен Балкан и гарантирањето на мирот и безбедноста во регионот. Двајцата сме согласни дека инфраструктурните проекти и дигиталната поврзаност меѓу шесте балкански земји и Европската унија ќе го забрза развојот на нашите држави, напиша Борисов на Фејсбук по средбата со Тачи.

Борисов повика на продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина за да можат двете земји да ги решат проблемите, бидејќи само тогаш можат да станат кандидатки за членство во ЕУ. Исто така, Борисов изрази надеж дека и Скопје и Атина ќе успеат да го решат проблемот со името.

Во рамки на еднодневната работа посета, Борисов ќе има средба и со шефовите на мисијата на ЕУ во Косово.