Број на текстови објавени денес: 16
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Спиете помалку од пет часови? Ќе почувствувате многу несакани ефекти

Ако во текот на ноќта не успеете да отспиете квалитетен број на часови, освен вашиот мозок, уморно ви е и телото.

Доколку проблемот со краткото ноќно спиење трае подолго време, вашиот мозок е спречен да работи со полн капацитет, а когнитивните способности ви се еднакви како на мало дете. Вие и понатаму ќе ги извршувате своите обврски, но неефективно.

Исто така, може да очекувате и нарушувања на работата на жлездите со внатрешно лачење, како и зголемена прекумерна тежина и склоност кон хронични и автоимуни заболувања.

Имајте на ум дека континуираниот проблем со спиењето мора медицински да се третира, бидејќи може да го доведе во прашање не само здравјето, туку и животот.