Број на текстови објавени денес: 64
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Советниците на Заев чинат три пати помалку од оние на Груевски, башка не биле фантоми

Сумата за плати на советниците на премиерот Зоран Заев изнесува тројно помалку од износот што го трошела поранешната влада за советниците на Никола Груевски.

Владата вчера ги сподели информациите за трошоците за плати на сите 91 советници и надворешни соработници на поранешниот премиер Груевски кои изнесувале 1,73 милиони евра годишно.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес конференција појасни дека не е точна информацијата дека премиерот има премногу советници.

-Советниците се секојдневно на работа согласно нивните договори, дел од нив се во секторот за односи со јавност. Надворешните соработниици, пак, работат по потреба на одредени активности. Со дел се имам видено во Владата, не се работи за фиктивни луѓе или фантоми, туку имаат имиња и презимиња. Работат постојано и присутни се – рече Бошњаковски.