Број на текстови објавени денес: 105
image003
image003

Сладолед од чоколада за кој не ви се потребни скапи апарати ВИДЕО

recept-cokoladen-sladoled-15-avgust1-696x463

Состојки:
200 г црна чоколада
5 жолчки
1/2 мала шолја шеќер
500 мл млеко

Подготовка:
Црната чоколада растопете ја на пареа. Во друг сад добро измешајте ги жолчките и шеќерот (можете да го користите и оној во прав). Откако добро сте ги изматиле жолчките, полека додавајте го млекото и мешајте.

Смесата префрлете ја во помало тенџере и додадете ја растопената чоколада. Мешајте на тивок оган додека состојките не се поврзат, па тргнете ја смесата пред да зоврие. Оставете неколку минути да се излади и префрлете ја смесата во замрзнат лимен сад, кој сте го држеле барем неколку часа во замрзнувачот.

Сето добро промешајте го и ставете го во замрзнувачот да стои 45 минути. Извадете ја смесата која веќе полека се стегнала и брзо промешајте ја и вратете ја назад во замрзнувачот на уште 45 минути.

Повторно извадете ја и повторете ја постапката и вратете ја во замрзнувачот и оставете ја уште час и половина додека целосно не се стегне. На овој начин ќе го избегнете создавањето на кристалчињата од мраз и ќе добиете вкусен кремаст сладолед.