Број на текстови објавени денес: 58
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Скопје домаќин на „фајнл-форот“ во СЕХА

rakomet-vardar-jane-sandanski-696x366

Раководството на ракометната регионална СЕХА лига одлучи РК Вардар да биде ко-организатор на завршниот турнир што треба да се одржи во периодот од 13 до 15 април во салата во СЦ „Јане Сандански”.

– Голема чест е што Скопје по вторпат ќе биде домаќин на завршниот турнир. Тоа е уште една потврда дека ракометот е спортот број 1 во Македонија, а Вардар е тим што е препознатлив не само на овие простори туку и во европски и светски рамки. Трите освоени титули во СЕХА Газпром лигата на Вардар е обврска плус бидејќи сега ќе играме пред домашна публика, велат од таборот на македонскиот шампион.

Дополнително ќе бидат одредени полуфиналните двојки. Познато е дека Вардар влегува како првопласиран и ќе го чека четвртопласираниот тим.

Другите три екипи што ќе играат на Ф4 турнирот се ППД Загреб, Мешков и Целје.