Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

СКАНДАЛ: КАПЕТАНИЈА МУ ИЗРЕКЛА ГЛОБА ОД 300 ЕВРА НА ТАТКОТО НА ХЕРОЈОТ МАРКО, ИСТЕКЛА РЕГИСТРАЦИЈАТА НА КАЈЧЕТО 2 МЕСЕЦИ?!

Marko-plivac-750x354

Таткото на детето ХЕРОЈ МАРКО ПЕЈЧИНОСКИ, кое го преплива Охридското Езеро на 12 годишна возраст, Тони Пејчиноски, од страна на Капетанијата на пристаништа на РМ – Охрид, поради банална причина, истекување на сообраќајна дозвола на пловен објект Кајче, бил казнет со мандатна казна од 300 евра. Ваквиот скандалозен чин од страна на Езерската Полиција и Капетанијата на пристаништа, бил утврден на само една недела пред Херојот Марко да го преплива Охридското Езеро, поточно на секојдневниот тренинг кој го правел неговиот татако Тони Пејчиноски со неговиот син Марко, кај месноста викана Канео.

Овој чин на езерската полиција при РЦ Запад на МВР и капетанијата на пристаништа е срамен чин, зошто добро знаеле со која цел се одвиваат тренинг пливањата во водите на езерото, а уште посрамен е од фактот што имале сознанија, дека поради здравствени причини младиот Херој Марко, мора да плива.

За настанот денес добивме и потврда од капетан Горан Устијаноски, кој жали за ваквиот чин, но неговите надлежности завршувале тука, зошто прекршокот бил регистриран од Езерската Полиција, која по закон ги препраќала пријавите до Капетанија.

Редакцијата ОхридСкај, ја повикува Капетанијата на пристаништата на РМ-Охрид, веднаш да си изнајде начин и да ја запре прекршочната постапка против таткото на Марко, Тони Пејчиноски, но и да има во предвид во иднина повеќе да внимаваат на аздисаните газди на глисери и скутери, а не на оние скромни лица кои управуваат со кајчиња.