Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

СКАНДАЛ:СОВЕТНИЦИТЕ ВО ОХРИД ЌЕ РАБОТАТ ПО СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ПРИНЦИПИ ,А ЌЕ СЕ ТАКМИЧАТ ЗА ВЛЕЗ ВО ГИНИС?!

 СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД , за утре 14.03.2018 , со почеток во 11 часот ја има свикано  единствената седница која ќе влезе во книгата на Гинисови рекорди. Според ина што може да се виде од предложениот ред , претседателот на Совет на општина Охрид Живка Ангеловска предложила дневен ред кој се состои од фантастични 92 точки,за закажаната 8-ма седница на советот?!Да не е трагично , секако дека би било смешно , но нели кај нас се’ е возможно , па и ваков мегаломански дневен ред.

Пред советниците во советот на општина Охрид стои огромна одговорност! По вака предложениот дневен ред кој се состои од 92 точки кој треба да ги гласаат или не , советниците ќе требаат со денови да не излегуваат од големата сала на Општина Охрид ,која нема греење,а советниците во зимскиот период работат во услови кој се спротивни на првата точка ,која ја поставиле за дневен ред на 8-мата седница :„Програма за спроведување  општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2018 година“,екстремно ниски работни температури !.

Ваков мегаломански дневен ред , до денеска не се памети во светската парламентарна демократија , но и во работа на совети на општини во целиот свет. 

За напомена , ваквата седница на советот на Општина Охрид ,која на дневен ред има точки од здравтвен , урбанистички и финасови точки на дневен ред , доколку се би одело онака глатко , робот систем , читање на точката од страна на претседателката на советот Ангелевска, гласање, без да има никакви реплики и забелешки ,онака да оди се по 10 минути по точка на дневен ред, ќе биде потребно 16, часа да биде завршено експресно седницата ?

Ваква советничка лкрдија ,секако дека е надвор од здрава логика.Вакво нешто немаше ниту во времето на Бакрачески кога во советот на Општина Охрид од 2013 до 2017 година ВМРО ДПМНЕ имаше апсолутно мнозинство во советот на општина Охрид !

Советниците во советот на општина Охрид ,како што имаат свои права , така имаат и обврска кон граѓаните на општина Охрид кој ги изгласаа на непосредни избори, да ги застапуваат нивните интереси , а не нечии лилно-партиски интереси.Според она што го дознава редакцијата Охридскај , во советот на општина Охрид има големи поделби и во кревкото мнозинство ,каде преовладуваат лично партиските интереси на поедини советници.,.

Редно е да се престане со Севернокорејски тип на работа ..

Охридскај