Број на текстови објавени денес: 0
image003
image003

СКАНДАЛ:СИЉАН МИЦЕВСКИ ГРАДИ ДИВОГРАДБИ НА ПЕЛИСТЕР СО АМИН НА СУГАРЕСКИ И ПЕТРОВСКА(ГАЛЕРИЈА)

31889181_1982819702035076_4064349993408921600_n

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска уште непоминати 8 месеци на нејзиниот мандат,започна да се однесува дабетар од нејзиниот претходник Владимир Талески.Можеби нејзината професија ,Дипломиран професор по математика ,представува базична основа за Весела Математика,но нејзината  магистратура по  менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, на тема: „Наставни програми во функција на задоволување на потребите и можностите на учениците,би требало да ја надогради во задоволување на потребите не научениците , туку на ТАЈКУНИТЕ!

Редакцијата Охридскај пред една недела направи фотографии на новиот објект,надграден и проширен за цели два ката ,а проширен два пати повеќе од базичниот проект и основите на поранешната стара градба во Националниот Парк „ ПЕЛИСТЕР“ , на местото на старата градба која ја имаше „ГП Пелистер“ започнато пред 10 години .

Во меѓу време (она матно пусто време) , сите објекти околу ПТТ,Објектот „Госрско Око“ ,замислите ги превзема ,а не купува под крајно сумнителни околности и постапки и ГП „Пелистер Битола “ буквално прави Мини Тврдина во најубавиот дел на Националниот парк „Пелистер“ во Битола?!

Она што додатно фрла црна дамка на целокупната рашомонијада во Националниот Прк „Пелистер“,преставува фактот,што ниту еден од објектите немаат системи за отпадни води, но немаат ни обезбедено водоснабдување?!

Како што дознава ОхридСкај ,од страна на ГП „Пелистер“ и градоначалничката Петровска ,се правеле силни притисоци врз ЕЛЕМ ТУРС ,да им овозможи ,поточно да му дозволи на нелегалните објекти да се приклучат на постоечкиот водоводен и канализационен систем на Хотел „Молика“?

Она што успеавме да го дознаеме за време присуството на екипата на ОхридСкај на Пелистер,а што не остави без здив , наводно Сиљан Мицевски-Циле веќе во негова сопстевност го имал купено и Детското одморалиште на Молика , но се чекало погоден момент,таа „радосна “вест да се обзнани јавно!?

Сиљан Мицевски кој е сосптевник како на ГП Пелистер-Битола и на други повеќе фамилијарни бизниси , а воедно е и почесен конзул на Р.Србија во РМ, од 1994 година е и најголем изведувач на работи во РЕК Битола,од каде и ги набилда силните милиони,каде покрај отпепелувањето на Агрегатите на РЕК , долги години беше и првенец во фантомските ископи на Јаглен во РЕК.

Новите објекти кој се ДИВА ГРАДБА , за напомена се навоѓаат во најстрого заштитената зона во Националниот Парк -Пелистер, но она што изненадува е фактот што покрај Општина Битола која има мал дел на ингеренции,за изведување на вакви градежни зафати ,комплетни ингеренции дава Министертвото за транспорт и врски кое го води Сугаревски.

Го прашуваме отворено министерот Сугаревски:Како е издадена дозвола -пречутна за изградби и доградби на дивоградби во НП „Пелистер“-Битола?

Дали воопшто некој градежен испекторат врши контрола во НП „Пелистер“ или таму се гради како во див Запад од 1900 година?

Редакција Охридакај

Следува -досие Еурофарм

Уживајте во фотографиите од дивоградбата на Пелистер:

Фотографија на Sasho Denesovski.Фотографија на Sasho Denesovski.Фотографија на Sasho Denesovski.