Број на текстови објавени денес: 87
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Сиктер од Иванов за гостите од Владата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска остварија средба со Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов на која го доставија договорот за решение за спорот којшто Република Грција го имаше со Република Македонија, соопшти Владата.

„Премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров имаа конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекина и го напушти состанокот и одби да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина“, соопшти Владата.

Владата на Република Македонија ги повикува сите политички фактори да се обединат околу националните приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.

Граѓаните конечно добија шанса да испишат ново поглавје во историјата на нашата земја и никој нема право да ги спречува да ја донесат вистинската одлука за македонската иднина.