Број на текстови објавени денес: 56
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Секојдневни навики со кои го загрозуваме нашето здравје

woman-1456950_960_720-640x480

Постојат неколку навики што веќе ни се толку секојдневни што не ни забележуваме дека несвесно го доведуваме своето здравје во прашање. Некои од овие навики може да бидат доста опасни.

Еве кои се тие:

1. Употреба на дезодоранси со алуминиум

Дезодорансите кои содржат многу алуминиум и други тешки метали можат да доведат до затнување на порите, воспаленија, а во некои случаи е поврзано и со појавата на рак на дојка. Купувајте дезодоранси без алуминиум и користете ги кога е навистина неопходно, а во меѓувреме измивајте се со сода бикарбона и вода.

2. Стискање на акни

Со секое истискување останува отворена воспалена пора, подложна на нови воспаленија предизвикани од надворешните влијанија. На ова додадете го и фактот дека не секогаш ни се чисти рацете кога стискаме акни, па ќе дојдете до причината зошто не треба да го правите тоа.

3. Нередовно менување на влошките за време на циклус

Менувајте ги редовно, за да избегнете размножување на бактерии предизвикано од потењето на вашата кожа во допир со влошката измешано со излачената течност. Освен што можете да предизвикате надворешни инфекции, може да имате и сериозни болки во стомакот.

4. Носење тампон предолго

Не повеќе од три часа е правилото кога носите тампон. Можеби и ништо нема да ви се случи доколку не го отстраните навреме, но може и да предизвикате токсичен шок, односно животозагрозувачко труење на крвта.

5. Ретко перење на градниците

Лесно се валкаат поради честото потење и се идеално место за развој на бактерии. Перете ги и менувајте ги почесто.

6. Претерано изложување на сонце и солариум

Правете го тоа паметно и промислено, за да се заштитите од несакани дисколорации на тенот, предвремени брчки и најстрашното, рак на кожа. Користете секојдневна козметика со заштитен фактор.

7. Грицкање нокти

Премногу лоша навика, бидејќи под ноктите се собираат премногу нечистотии, кои со грицкањето ги внесувате во устата и потоа во телото.

8. Нередовни посети на гинеколог

Колку и да е непријатно искуството, посетата на гинеколог еднаш до двапати годишно е задолжителна за секоја жена. Имајте на ум дека вашето здравје е поважно отколку неколкуте минути преглед.

9. Прескокнување на појадокот

Не прескокнувајте го, затоа што токму појадокот е тој што ви дава „гориво“ за да го издржите почетокот на денот.

10. Пребрзо јадење

Џвакајте ја храната полека и не голтајте преголеми парчиња. Така ќе му помогнете на дигестивниот систем побрзо и подобро да ја вари храната, без дополнителни тегоби.