Број на текстови објавени денес: 104
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Седум производи за чистење на белите дробови и намалување на ризикот од добивање рак

Одредени производи секако можат да ви помогнат да ги прочистите дишните органи. Запамтете дека белите дробови не можете целосно да ги исчистите со овие производи, но барем во одредена мерка можете да се ослободите од токисините и со самото тоа да ја намалите шансата од добивање разни заболувања, меѓу кои и карцином.
Ви донесуваме листа од неколку производи кои ќе ви помогнат во чистењето на белите дробови.

Пченка шеќерка

Овој производ содржи бета-криптоксантин за кој се смета дека ги штити белите дробови од карциномот, бидејќи претставува силен антиоксидант. Од друга страна, имајте на ум дека некои пченки шеќерки на полиците во продавниците се, всушност, ГМО, па консумирајте ги само оние за кои сте сигурни дека потеклото им е 100 отсто природно.

Селен

Станува збор за навистина моќен антиоксидант кој може да се најде во разни видови риба како туна, лосос и бакалар, но и во јагнешкото, јајцата и житарките. Секако, ви препорачуваме да се држите до јајцата и житарките и да ги избегнувате производите од животинско потекло.

Кромид

И белиот и црвениот кромид содржат состојќи кои имаат антиканцерогено дејство. Кромидот помага во спречување на многу болести, меѓу кои се инфекции и рак на белите дробови. Интересно е тоа дека кај лицата кои веќе имаат карцином може да помогне спречување на растот на нови клетки на рак.

Ѓумбир

Ова е една силна состојка за исфрлување на токсините од белите дробови. Можете да пиете чај од коренот од ѓумбир со што ќе си го олесните дишањето, а парче ѓумбир можете да изедете со оброкот.

Портокали

Освен што се познат извор на витамини, портокалите исто така содржат и криптоксантин кој превентивно дејствува против ракот на белите дробови.

Коприва

Оваа билка е преполна со железо, а многу е корисна и како состојка за дезинфекција на белите дробови и борба против инфекции.

Чај од борови иглички

Овој чај традиционално се кроисти за чистење на устата и грлото, но може да ви биде и добар сојузник во борбата против рак на белите дробови, како и за превенција.

Што треба да избегнувате додека правите чистење на белите дробови?

Избегнувајте да консумирате преработени производи, посебно брашно, шеќер и млечни производи кои го поттикнуваат создавањето на слуз во организмот.