Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

СДСМ: Нема да се поставуваат нови повеќејазични табли

1736-SDSM-ZNAME

Информациите објавени во одредени медиуми за наводно поставување на повеќејазични табли денеска, пред институциите или на патиштата низ државата, се целосно неточни и истите претставуваат класични лажни вести, велат од СДСМ.

„Повеќејазичните информативни табли и патокази што денеска се објавени во неколку медиуми се поставени многу одамна, а граѓаните извесен период сведочат за нивното постоење. Како потврда за тоа е фотографијата во прилог, направена во мај 2017 година, на која што јасно се гледа дека веќе биле поставени овие табли пред повеќе од година и половина. Потсетуваме дека обврска на медиумите е да известуваат објективно и професионално во интерес на граѓаните. Пласирањето на неточни информации или обидите за манипулација со јавноста не се во интерес на граѓаните“, се наведува во соопштението.

Партијата вели дека останува фактот дека јавноста одамна ги препознава лажните вести и не потпаѓа под обидите за манипулации.