Број на текстови објавени денес: 0
image003
image003

СБ на ОН разгледува предлог за 30-дневно примирје во Сирија

src.adapt.960.high.Security_Council_092813.1385158213048

Кувајт и Шведска во Советот за безбедност на ОН поднесоа предлог-резолуција со која се поддржува 30-дневен прекин на огнот во Сирија, јави ТАСС, повикувајќи се на дипломатски извори во Светската организација.

Според предлогот „сите страни во сирискиот конфликт веднаш треба да ја почитуваат хуманитарната пауза и да вопспостават прекин на огнот во период од 30 дена”.

Воедно, со предлог-резолуцијата се бара учесниците во воените дејствија да дозволат хуманитарна помош во настраданите подрачја и да овозможат евакуација на повредените. Овие операции треба да почнат 48 часа по стапувањето на примирјето во сила.

Од учесниците во конфликтот се бара да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи и тоа да придонесат за помош на населението, да ја прекинат блокадата на населените места и да ја гарантираат безбедноста на медицинските установи.

Неименуван дипломат изјави дека се проучува предлогот, но датумот за гласање се уште не е одреден.