Број на текстови објавени денес: 0
image003
image003

Роналдо се сврте против навивачите на Реал

Cristiano-Ronaldo-Benzema-882001

Големата ѕвезда на европскиот клупски шампион, Реал Мадрид – Кристијано Роналдо, се сврте против навивачите на „белите“ за да го заштити својот соиграч Карим Бензема.

За време на вчерашната победа од 5:2 над Реал Сосиедад на „Сантијаго Бернабеу“, францускиот стрелец повторно доби свирежи од трибините поради неговата слаба форма од почетокот на сезоната.

По ново големо промашување, напаѓачот се расплака од новите навреди. На Роналдо не му се допадна односот кон Бензема и се сврте кон навивачите со повик за поддршка за Карим. Ова веднаш даде резултат и тие му аплаудираа поранешниот француски репрезентативец.

По натпреварот, тренерот Зинедин Зидан ја коментираше оваа тема.

– Не знам зошто се случува ова, но поддржувачите можат да прават што сакаат. Тој едноставно нема среќа, но тоа може да се промени во секое време, изјави Зидан.

Во однос на успехот, тој рече дека Реал го започнал дуелот силно од самиот почеток, но додаде дека тимот треба да се подобри во одбраната.

– Петте гола се позитивен знак, додаде тренерот на „кралскиот“ клуб.

Хет-трик за успех погоди Роналдо, додека Бензема не успеа да постигне гол во петтиот последователен натпревар во Ла Лига, во кој учествуваше. Од почетокот на сезоната, има само пет гола во сите 20 настапи.