Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Расте продажбата на клима уреди во Германија, поради топлиот бран

klima-ured1

Топлотниот бран во Германија предизвика рекордна продажба на клима-уреди, јави ДПА.

Германското индустриско здружение ФГК-Клима, објави дека над 200.000 клима уреди се продадени оваа година, во споредба со просек од 150-160.000 во други години.

Здружение на продавачи на мало објавија зголемена продажба на мобилни климатизери и вентилатори. Според нивните податоци во првата половина од годината биле продадени над 70.000 уреди.

Околу три отсто од домаќинствата во Германија имаат клима уреди.