Број на текстови објавени денес: 105
image003
image003

Радев: Заев не се извини како што треба ВИДЕО

Rumen-Radev-Bugarija

Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска од Варна изјави дека тоа што го напишал македонскиот премиер Зоран Заев на Фејсбук не било извинување како што тврдат бугарските медиуми.

– Вие слушнавте да име извинување?. Јас не слушнав. Тоа на Фејсбук не е извинување. Заев посочи дека се работи за грешка, но не ги коригира мислите. Не може се да се сведе на политички пи-ар и долгорочно да не се размислува. Ја повикувам Владата на Бугарија да утврди дали е прекршена некоја одредба од Договорот за добрососедски односи со Македонија – рече Радев.

Заев во петокот на Фејсбук изрази жалење што неколку дена претходно изјави дека „Илинденското востание е македонско“, на што реагираше неговиот бугарски колега Бојко Борисов.