Број на текстови објавени денес: 83
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Продолжуваат протестите на вработените од „Еурокомпозит“

еурокомпозит протест

Вработените во прилепската компанија „Еурокомпозит“ денеска ги продолжија протестите во центарот на Прилеп пред споменикот „Карпалак“. Покрај основните барања за исплата на бруто плата и на заостанатите плати и придонеси од 2012 година, бараат и оставка на менаџментот на компанијата.

Според Роберт Богданоски, преседател на синдикалната организација, работниците ги продолжуваат протестите и бараат средба со претставници од владата.

– Вчера го блокиравме патниот правец Прилеп-Градско на излезот од градот, денеска протестот продолжи во центарот на Прилеп. Не се откажуваме ниту од нашите барања, ниту пак од разговори со претставници од Владата. Менаџментот на компанијата ниту доаѓа во фабриката, ниту сака да разговара со нас и ние бараме оставка од нив, а надлежните да ги испитаат наводите на кривичната пријава која како синдикат ја поднесовме против менаџментот до полицијата и јавното обвинителство. Продолжуваме со протести, а денеска ќе решиме кога да одиме пред Владата во Скопје – вели Богданоски.

Вработените во „Еурокомпозит“ пет дена протестираат и прашуваат како е можно досега никој да не сака да разговара со нив зашто нивната ситуација се провлекува со години.